Околу 40% од мажите лажат дека заработуваат повеќе отколку што навистина заработуваат, а истото го прават и околу 33% од жените. Лажењето на интернет е најраспространето на страниците за запознавање и дружење, а најчесто се лаже за висината, тежината и возраста.
Жените најчесто лажат дека се послаби, а мажите дека заработуваат повеќе, а истражувањето покажа дека повеќето луѓе најчесто веруваат во тие лаги.
„Интернет страниците за запознавање се преполни со луѓе кои невистинито се претставуваат за да привлечат повеќе внимание и пораки од другите“, вели Грег Хоџ, сопственик на beautifulpeople.com.
Тој вели дека клиентите често реагираат дека договориле состанок преку страницата и мажите кои очекувале висока убавица сретнале „буцка“, а жените кои чекале бизнисмен, добиле „клошар“. Токму поради тоа првиот состанок најчесто е и последен.
„Кога сите помалку би лажеле на интернет, сајбер светот би бил поверодостојно место за запознавање“, вели Хоџ.
Топ 10 лаги што мажите ги кажуваат на интернет:
Дека имаат подобра работа
Дека се повисоки
Дека се послаби/подебели
Дека се помускулести
Дека добро заработуваат
Дека добро се облекуваат
Дека работното место им е интересно
Дека имаат факултетска диплома
Дека познаваат славни или угледни луѓе
Дека се отворени и комуникативни
Топ 10 лаги што жените ги кажуваат на интернет:
Дека се послаби
Дека се помлади
Дека се „затегнати“
Дека се повисоки
Дека заработуваат повеќе
Дека имаат побујни облини
Дека работата им е гламурозна
Дека имаат многу додворувачи
Дека имаат факултетска диплома
Дека познаваат славни или угледни луѓе.