Да се работи од дома не само што е економски суштинско значење, туку е критично оружје во борбата против КОВИД-19 и идните пандемии.
Живееме во информатичка економија и економија на луѓе кои имаат слобода на избор на проекти и локација на работа. Работата од дома, или работа со слободен избор на локација, е сон за милиони работници. Имајќи ја во предвид новонастанатата ситуација со КОВИД-19, сигурно нема да ве изненади фактот дека буквално илјадници компании нудат можности за работа од дома.
Затоа, доколку размислувате да се вклучите во новата економија, ви претставуваме 10 платформи од кои може да почнете.
FlexJobs
FlexJobs е водечка платформа за барање работа, специјализирана за најдобрите достапни работни места со скратено работно време, хонорарни и флексибилни работни места. Исто така добивате одлична поддршка со онлајн курсеви и настани, статии и многу други ресурси.
Upwork
Со милиони работни места објавени на Upwork на годишно ниво, независни професионалци заработуваат пари со обезбедување над 5.000 вештини на компании во повеќе од 70 категории на работа.
Видовите на проекти на Upwork се движат од развој на веб и мобилни апликации до SEO, маркетинг на социјални медиуми, пишување содржини, графички дизајн, административна помош и илјадници други видови проекти.
Fiverr
Fiverr е платформа која ги поврзува бизнисите со хонорарни професионалци кои нудат дигитални услуги во 300+ категории.
Ако се регистрирате на оваа платформа, може да нудите услуги на клиенти ширум светот. Доколку имате познавање од графички дизајн, дигитален маркетинг, пишување и превод, видео и анимација, музика и аудио, програмирање и технологија, можете да веднаш да креирате профил и да почнете со пребарување на првите клиенти.
99designs
99designs е глобална креативна платформа која што им олеснува на дизајнерите и компаниите да работат заедно за да создадат дизајни што ги сакаат. Оваа платформа поврзува повеќе од еден милион талентирани хонорарни дизајнери со претприемачи и компании.
Toptal
Toptal е глобална ексклузивна мрежа од врвни хонорарни софтвер девелопери, дизајнери, експерти за финансии, менаџери на производи и менаџери на проекти. Врвни компании ангажираат фриленсери на Toptal за нивните најважни проекти.
People Per Hour
People Per Hour е компанија со седиште во Велика Британија чија функција како онлајн платформа e овозможување на претприемачите и компаниите пристап до хонорарни работници.
Envato
Envato e лидер на светскиот пазар и заедница за креативни материјали и креативни луѓе. Како Envato автор може да ја продавате вашата работа на најголемата онлајн креативна заедница, во категории од веб дизајн до маркетинг материјали.
LinkedIn може да изгледа како CV на Интернет – но на платформата каде што голем број работодавци секој ден бараат кандидати за работа, тоа е прилично корисно CV. Затоа, подгответе го вашиот LinkedIn профил и почнете со пребарување на работни места, во државата или во цел свет.
Famenote
Famenote е прва македонска платформа за инфлуенсер маркетинг која ги поврзува инфлуенсерите со компаниите и им помага во креирањето на успешни маркетинг кампањи.
Што значи оваа нова маркетинг професија како инфлуенсер?
Да се биде инфлуенсер значи стекнување на авторитет преку креирање содржина која носи вредност, привлекува и влијае на одредена публика. Како инфлуенсер имате моќ да влијаете на одлуките за купување и поради тоа компаниите ве плаќаат.
Веднаш по регистрацијата може да почнете соработка со македонски и светски компании. Компаниите можат да ви испратат понуда за соработка, или можете да пребарувате преку активни кампањи и да аплицирате.
Laika
Laika е Балканска платформа за техничка работа за поврзување на професионалци со компании во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска. Компаниите можат да ви испратат понуди врз основа на вашите вештини, или можете да пребарувате преку отворени понуди и да аплицирате.
Ако сонувате за работа од дома, престанете да се надевате и започнете да пребарувате.