Речиси 82.000 од невработените лица се над 40 години, а дури 53.000 имаат повеќе од 50 години. Вкупно невработени кои се пријавиле дека активно бараат работа во август се 137.707 лица. Тоа значи дека дури 60 процрнти од активните невработени се повозрасни од 40 години, а 38 проценти се над 50 години.
Податоците покажуваат дека дури 16.849 невработени лица се на возраст над 60 години, 19.857 се од 55 до 59 години, потоа 16.1279 од 50 до 54 години.
Вакавата старосна граница на невработените во земјава за познавачите е загрижувачка, бидејки на македонскиот пазар на труд му е потребна целосна реорганизација и преквалификации на невработените кои мора да се оспособат за вештини и знаења кои ги бара бизнисот. А токму човечкиот организам е најпродуктивен за работа околу 40 – тата година.
Во групата од 45 до 49 години се регистрирани 15.183 невработени, во таа од 40 до 44 има 13.885 лица.
Податоците покажуваат дека во помлади од 40 години или во групата од 35 до 39 години влегуваат 12.856 лица, а во таа од 30 до 34 има 13.676 лица. Други 13.782 се на возраст од 25 до 29 години, а од 20 до 24 години се 12.968 лица. Како невработени се пријавени и 2.472 лица на возраст од 13 до 19 години.