Некој не може да го замисли животот надвор од центарот на градот, а некој повеќе би сакал да најде прибежиште на периферија, во природа, без бучава и гужва. Сепак, можеме да се согласиме дека некои недвижнини имаат традиционално висока цена, пред сè, поради локацијата. Без оглед на нивната состојба, добро котираат, бидејќи полесно е да се уреди стан, отколку да се одбере "погрешно место на живеење“.
Од друга страна, искуството на агентите покажува дека срцето на градот секогаш е најценето.
Имено, во моментов се продава недвижен имот од околу 40 метри квадратни на улица околу Трг Републике во Белград за повеќе од 200.000 евра, поточно, цената по метар квадратен е 5.300 евра. Потсетуваме, оптималната цифра за овој дел од градот е околу 3.000 евра за метар квадратен.
Едноставно, пазарот на недвижности е во експанзија, па сопствениците можат да формираат цени по лична проценка, а сепак да најдат клиент. Сепак, треба да се има предвид дека оваа квадратура на стан е идеална, моментално најбарана величина на стан е од 40-55 м2.
Друга важна ставка која диктира повисока цена е катот на кој се наоѓа станот. Конкретно, овој стан е на вториот кат во зграда со 4 ката која е староградба. Понатаму во огласот пишува: едноставен и функционален салон на престижна локација во градската општина Стари Град, на неколку минути пеш од Калемегдан, а од другата страна Теразије и други атрактивни места".
Интересно е што во описот на самиот стан, бројот на собите, времето кога е изградена зградата и сл. се наоѓаат на самото дно, што наведува на тоа колку на потенцијалните клиенти им е важна локацијата. Пред сè, за вакви недвижности се интересираат странци.