Од сите необични празници и национални денови во светот, еден од најчудните е Финскиот национален ден на неуспехот, кој се слави на 13 октомври. И логично, се поставува прашањето зошто народ со толку високи стандарди би посветиле цел ден на славење и величење на неуспесите.
Првиот ден на неуспехот го прославија студентите во 2010 година, со образложение дека на Финска во иднина ќе и требаат илјадници нови компании и работни места, но природниот страв од ризик спречи многумина да започнат сопствен бизнис и да почнат да ги остваруваат своите соништа.
Финците се успешни во она што знаат да го прават, но повеќето едноставно не сакаат да излезат од својата комфорна зона и да пробаат нешто ново. До еден момент.
Тие решија да ги свртат табелите – не само што го прифатија неуспехот како опција, туку почнаа и да го слават. Првата прослава привлече големо внимание во јавноста. А во идејата ги поддржа и управниот одбор на „Нокиа“, а подоцна им се придружија и многу успешни луѓе и политичари.