Во Јапонија, училиштето се смета за важна отскочна даска во животот. Токму затоа во оваа земја има 210 училишни денови.
Иако постојат многу сличности помеѓу јапонскиот образовен систем и останатите во другите земји, постојат неколку аспекти кои го прават овој систем еден од најефикасните во светот.
Спиењето на час се смета за знак на посветеност
Во Јапонија, заспивањето за време на часовите може да биде вообичаено, поради тоа што школите имаат навистина тежок распоред. За разлика од другите земји, каде што спиењето на часови може да се смета за знак на непочитување или мрзеливост, во Јапонија тоа се смета како знак на посветеност.
Учениците до четврто одделение не добиваат оцени
Можеби звучи чудно, но јапонските училишта ги ставаат манирите пред знаењето. Нивната цел во првите 3 години е да го развијат карактерот на децата и да воспостават добри манири, а не да го оценуваат нивното знаење. Тие учат како да бидат великодушни, сочувствителни и емпатични и исто така се учат да ги почитуваат другите и да развиваат нежна врска со природата и животните.
Децата сами го чистат училиштето
Додека училиштата во остатокот од светот вработуваат чувари и чистачки за да го одржуваат училиштето уредно, тоа не е случај во Јапонија. Таму учениците се одговорни за чистотата на училниците, кафетериите, па дури и тоалетите.
Јапонскиот образовен систем верува дека заедничкото чистење ги учи учениците да си помагаат едни на други и да работат во тим. А, поминувајќи го своето време бришејќи маси, метејќи и бришејќи подови, учениците учат да ја почитуваат сопствената работа и работата на другите.
Секој ученик мора да носи училишна униформа
Политиката во речиси секое средно училиште во Јапонија има за цел да ги отстрани бариерите и да помогне во промовирање на чувството на заедница, семејство и заедништво меѓу учениците. Кодексот на облекување им овозможува на учениците да се фокусираат на учењето и растот, а исто така ги охрабрува децата да се изразуваат со други методи освен облека.
Учениците јадат заедно со својот наставник
Во други земји, можеби не е дозволено наставникот да јаде заедно со своите ученици, но во Јапонија оваа норма се смета за корисна во изградбата на позитивен однос меѓу учениците и наставниците. За време на ручекот може да се водат навистина корисни разговори кои можат да помогнат да се изгради семејна атмосфера.
Исто така, јапонскиот образовен систем им обезбедува здрави и избалансирани оброци на учениците. Со тоа, во јавните основни и средни училишта ручекот се готви според стандардизирано мени развиено од здравствени работници и квалификувани готвачи.
Покрај останатите предмети, учениците учат поезија и јапонска калиграфија
Јапонската калиграфија наречена Шодо, е облик на уметност во која луѓето пишуваат значајни канџи знаци (кинески знаци кои се користат во јапонскиот систем на пишување) на експресивен и креативен начин. Хаику, од друга страна, е облик на поезија во која се користат едноставни фрази за да се пренесат длабоки емоции до читателите.
Се смета дека овој облик на поезија има интелектуално, терапевтско и естетско дејство. Ваквите часови ги учат децата да ја почитуваат својата вековна традиција и да ја ценат нивната култура.
Во Јапонија многу популарни се работилниците после училиште или подготвителните секции
Учениците можат да научат нови работи покрај нивниот 6-часовен училишен ден. Наставата се одржува навечер, а повеќето јапонски ученици ги посетуваат за да можат да влезат во добро средно училиште.
И, за разлика од многу ученици ширум светот, Јапонците учат дури и за викенди и празници.