Просечниот водоводџија за една година може да биде и милионер, според тарифите кои ги наплаќа.
На пример повеќе занаетчии во Белград наплаќаат од 100 до 300 евра за половина час ангажман, демонтирање на голема школка и извлекување предмет заглавен во цевка.
Истата работа во помалите места чини шест до десет пати помалку. А, за да „заработат“ од данокот, на идеја дошле белградски водоинсталатери, па регистрираат занаетчиски дуќани во неразвиените и помали општини.
И да не го земат алатот во раце, некои мајстори само за да излезат на терен наплаќаат од 2.000 до 3.000 динари за детектирање на проблемот.
– Не знаев дека во шолјата ми падна топче освежувач и дека ја затнало цевката – вели Сања С. – Од една фирма велат дека услугата ќе ме чини 3.000 динари, а кога мајсторот пристигна во станот, цената е зголемена три и пол пати.
– Се испоставило дека топката влегла во канализационата цевка, па набргу мајсторот ја сменил цената и побарал 10.000 динари, оправдувајќи се со сложеноста на постапката.
Знам за случувањата дека колегите од Белград бааги наплаќаат, но ние во мало гратче не можеме да заработиме толку пари за една недела – вели мајсторот Зоран.
– Тоа дефинитивно не се реални цени и нивните „раце“ не можат да бидат 10 пати повредни од моите. Во Аранѓеловац масовно доаѓаат белградски водоинсталатери.
– Тука купуваат опрема за водоводни и канализациски инсталации кои чинат од 100 до 200 евра, а во Белград најмалку 600 евра.
Проблемот е што мајсториве немаат истакнат ценовник, ниту пак сакаат телефонски да ја кажат цената точно. Е кога ќе дојде мора да платиш.
– Работата траеше 15 минути, но иако знаев дека цената е нереална, беше поскапа од преглед на лекар специјалист, морав да побрзам на работа, а се плашев да не истече вода во станот долу. Дефинитивно не се реални со цените и сакаат да се збогатат преку ноќ и сето тоа за работа од околу 15 минути, вели Сања.
Проблемот е што за оваа работа нема реална, пазарна цена, туку таа се формира произволно, како што проценува мајсторот.
Од 10.000 до 30.000 динари чини услугата за одзатнување на цевки на повеќе локации во главниот град. За истата работа, во Аранѓеловац мајсторите наплаќаат 2.000 динари.
Цената зависи од проблемот и времето за негово решавање, дали е потребно специјално возило во кое се наоѓа опремата за одзатнувања. Кои алатки ги користиме, дали е куќа или стан и дали цевката е поврзана со други одводи, кога ќе излезам на терен ја проценувам реалната цена, вели мајстор Зоран
Некои од водоводџиите во главниот град регистрираат компании во неразвиените општини во Србија, сметајќи на понизок данок.
– Многу занимања не се поврзани со локацијата на регистрација на продавницата, па можат да работат низ цела Србија, каде што е најисплатливо, а плаќаат најнизок можен данок – вели Милан Трбојевиќ, книговодител и даночен советник. Кога пресметката се прави преку калкулаторот за паушално оданочување, ако продавницата е на пример регистрирана во Бојник, месечно плаќа 11.000 динари, додека во Белград таа сума се дуплира.