Бидејќи TikTok ја надмина бројката од 1 милијарда активни корисници месечно, конкурентните платформи како YouTube Shorts, Snapchat Spotlight и Instagram Reels ги охрабруваат корисниците наместо тоа да ги објавуваат своите кратки содржини во нивните апликации.
Instagram соопшти дека програмата е експериментална и се уште е во рана фаза. Но, недостатокот на транспарентност може да биде загрижувачки за креаторите кои ги користат овие платформи како извор на приходи. Бонусната програма дури и доживеа грешка оваа недела, поради што на подобните создавачи им се кажува дека всушност не се квалификуваат за исплата. Instagram, пак, соопшти дека оваа грешка е поправена.
Исто така, тешко е да се одреди како се пресметува бонус понудата на Instagram – на еден корисник на Reddit му биле понудени до 35.000 долари за над 58 милиони прегледи месечно. Мигел Лозада, стример на Twitch со околу 800 следбеници на Instagram, ја доби истата понуда од 8.500 долари како креаторот со 24.000 следбеници. Друг корисник со 59.000 следбеници рече дека му бил понуден бонус од 850 долари овој месец.
„Дизајниравме бонуси за да можеме да помогнеме на што е можно повеќе креатори да остварат значителен профит. Нашата цел е да ги направиме бонусите поперсонализирани со текот на времето", велат креаторите.
Според страницата за поддршка на Instagram, овие бонуси ќе пристигнуваат малку по малку и се уште не се достапни за сите корисници. За почеток, овие бонуси се достапни само во САД.
Instagram, исто така, рече дека корисниците мора да имаат најмалку 18 години и да се усогласат со политиката за монетизација на партнерите на платформата, кои се малку нејасни. Според политиката, креаторите мора да одржуваат „доволна база на следбеници“, но Instagram не прецизира што се смета за „доволно“.