Затворите во Велика Британија се соочуваат со потешкотии во вработувањето на доволен број на службеници, односно стражари, сред растот на слободни места, соопштил синдикатот
Имено, огласите за работа скокнале на рекордно високо ниво во очи на Божиќ, според информациите на регрутерите. Инструктори за возење, затворски службеници и возачи на виљушкари се меѓу професиите кои најмногу се бараат, соопштила Конфедерацијата за регрутирање и вработување (Recruitment and Employment Confederation, REC).
Дошло до раст на насилството и самоповредувањето меѓу затворениците, како и насилство насочено кон затвориските службеници, откако што се укинати рестрикциите кои се однесувале на мешање на затворениците поради Ковид – 19.
Притоа, платите не се задоволителни. Сепак, ХМ Затворската служба објавила дека целиот персонал кој заработува помалку од 24,000 фунти ќе добие зголемување на платата од 250 фунти, а персоналот кој дури сега треба да го достигне врвот на својот платен опсег, ќе продолжи да прима прогресивна плата зголемена за 5 %.
Најголем скок забележале работнтите места за иструктори за возење, покажуваат поатоците на REC, кои пораснале за околу третина. Портпаролот на REC истакнал дека тоа е последица на „насобирањето“ на часови кои не се завршени во текот на 2020 година, како и тестирањата.