Честопати на шега знаеме да кажеме дека глупавиот човек полесно живее бидејќи не знае дека е глупав.
Од друга страна, сакаме и да се фалиме дека сме многу паметни и ако подобро размислите, ќе сфатите дека никој досега во животот не се пожалил дека е глупав. Можеби „кукаме“ поради вишокот килограми, неправилниот нос, недостигот на пари, но никогаш поради недостиг на интелигенција.
А како всушност стојат работите кога станува збор за народите - кој е најпаметен и каде сме ние на оваа листа?
Според една студија која ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисок коефициент на интелигенција во светот имаат Јапонците, со просек од 106,49.
На листата на топ 10 држави во кои живеат народи со највисок коефициент на интелигенција се Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,10), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,60), Финска (101,20), Лихтенштајн (101,07), а 10-то место го делат Холандија и Германија со просечен коефициент на интелигенција од 100,74.
Според податоците од оваа студија, просечниот коефициент на интелигенција е 98,16, што нè става во категорија на потпросечно паметни, со просечен коефициент на интелигенција од 81,91. Од вкупниот број земји, Македонија е на 108-то место по просечен коефициент на интелигенција.
Кога станува збор за земјите од регионот, просечниот коефициент на интелигенција во Хрватска e 95,75, во Бугарија 90,99, во Грција е 90,77, во Србија 89,6, во Босна и Херцеговина е 88,54, во Црна Гора 85,78 и во Албанија 81,75.
Според интерактивната мапа направена врз основа на податоците од оваа студија, најнизок просечен коефициент на интелигенција има на африканскиот континент, кој е обележан со виолетова боја.