Луксузните модни брендови Gucci и Balenciaga (и двата дел од групацијата Kering), лансираа заедничка колекција на меѓусебно „хакирани“ и „контаминирани“ производи.
Имено, за време на настанот за лансирање на колекцијата Gucci Aria на 15 ноември, просторот во кој се одржуваше настанот на Gucci истовремено беше „контаминиран“ со брендинг на Balenciaga (завеси и графити).
Она што изгледаше како „напад“ од конкурентот, всушност беше предвесник за објавувањето на заедничка колекција насловена “The Hacker Project”, составена од производи кои го задржуваат стилот на едниот бренд, но прикажуваат брендинг на дугиот.
Највпечатлива е секако класичната Gucci торба на која во графити-стил е испишано „Ова не е Gucci торба“, истовремено прикажувајќи го монограмот на Balenciaga во форма на метални копчиња.
Од друга страна, на некои од производите на Balenciaga наместо очекуваниот монограм BB се јавува GG, како знак на Gucci.
Една од целите на заедничката колекција била да се поттикне поголема дискусија за прашањата на автентичноста, фалсификувањето и присвојување на интелектуалната сопственост.