
На барање на Синдикатите и во тесна соработка со Владата, подготвен е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Со овој Предлог-закон, се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, информира портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
Тој на денешната прес-конференција напомена дека Владата очекува наскоро овие измени да бидат усвоени од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права.
Исто така, измените предвидуваат најмалку 50 проценти повисока дневница и слободен ден.