Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
Aktualno
-
Визер ќе отвара своја база во регионот: Еве која земја влезе во сериозни преговори
Валентина Кецман, директорка на аеродромот во Бања Лука, изјави дека аеродромот многу сериозно преговара со Wizz Air за отворање бази во Бања Лука, што би значело значително повеќе летови и линии, пишува Zamaero.
-
Европејците потрошиле најмногу пари на маслиново масло, компири и овошје
Просечната цена на земјоделските производи во Европската унија е намалена за два отсто во однос на 2023 година, додека просечната цена на инпутите (стоки и услуги кои се користат во земјоделството) падна за шест отсто, покажува анализата на Европскиот статистички институт (Евростат).
-
Дали бесплатниот превоз значи поголем број на патници? Еве што вели естонското искуство
Идејата да се направи јавниот превоз бесплатен за секого звучи фантастично, меѓутоа се поставува прашањето дали тоа ќе доведе до негова поголема употреба, односно поголем број на патници.
-
Во Шпанија постигнат договор за скратување на работната недела од 40 на 37,5 часа
Претставниците на шпанската влада и двата најмоќни синдикати во земјата потпишаа договор во саботата за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платата, а министерката за труд Јоланда Дијаз по тој повод рече дека потегот „ќе се проучува на универзитетите“ низ целиот свет“.
-
Дали треба да се загрижат македонските печалбари - компаниите во германија сѐ повеќе отпуштаат работници
Како што германската економија продолжува да тапка во место, сè помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека се повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот Ifo, пренесува германската новинска агенција (dpa).
-
Албанија ќе стане првата земја во регионот што ќе го забрани ТикTок
Оваа мерка е дел од иницијативата за зголемување на физичката и дигиталната безбедност во училиштата, презентирана на средба со родители и наставници.