Возилата со полициска придружба, видливо означените возила на АРМ, полицијата, итната медицинска помош, возила на лица заболени од мултиплекс склероза и церебрална парализа се само дел од оние што се ослободени од плаќање патарина.
Ова е пропишано со Законот за јавните патишта на Република Македонија, во кој се наведува дека од плаќање патарина за време на служба се ослободуваат возила со полициска придружба, видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, Царинската управа, Агенцијата, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државниот инспекторат за транспорт, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ - Скопје и погребалните возила.
Освен нив, со членот 66 од истиот закон е пропишано дека од плаќање патарина се ослободени и возила на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија
За да го користат ова право, лицата треба да поседуваат членски книшки издадени од здруженијата, односно сојузите во кои членуваат, кои заедно со документацијата за болеста согласно наведеното во законот и копија од сообраќајната дозвола од возилото што се користи преку нивните здруженија, односно сојузи, барањата се доставуваат до Јавното претпријатие за државни патишта. Потоа документацијата се проверува и доколку сѐ е во ред, Јавното претпријатие за државни патишта ја потпишува и заверува книшката, со што се потврдува правото на ослободување од плаќање на патарина и писмено се известуваат здруженијата, односно сојузите за тоа.
Кога некое лице ослободено од плаќање патарина минува низ наплатна станица, треба да ја даде на увид и членската книшка во која е запишана регистарската табличка од возилото што се ослободува.
извор: fakulteti.mk
Кои лица се ослободени од плаќање патарина?
Aktualno
-
Дедо Мраз патува преку планини и езера
Дедо Мраз стигнува со соларен чамец за да ја подигне „божиќната пошта“ во Химелпфорт во Бранденбург. Таму веќе 40 години пристигнуваат детските писма со нивните желби.
-
ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра
Европската комисија ја изрече казната откако нејзината долга истрага утврди дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција и се вклучила во антиконкурентно однесување.
-
Златото падна на најниско ниво во последните два месеци
Цените на златото во четвртокот го продолжија својот пад на речиси двомесечно ниско ниво
-
Како да се подготвиме за возење во зима?
Од денес стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.
-
Времето денес: Променливо облачно, наместа дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени
-
МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи
Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат паричните средства од банкарските сметки на жртвите