
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2021 година, изнесува 28.869 денари, објави Државниот завод за статистика. Наниската нето-плата во Македонија е исплатена во секторот Заштитни и истражувачки дејности – 16.172 денари, следи секторот Производство на кожа и слични производи од кожа – 17.938 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 17.948 денари, па Производство на облека – 18.439 денари и Производство на мебел – 20.705 денари.