Според статистичките податоци на Обединетите нации, Русија е четврта најпопуларна дестинација за странски работници.
Недостиг од работници има насекаде низ светот, во различни области, но особено интересна ситуација деновиве се случува во Русија. Имено, одливот на работници од соседните земји, од кои голем дел не се вратени, како и глобалната пандемија, негативно се одразуваат на економското закрепнување на оваа земја.
Компаниите во развиените економии немаат доволно работници, бидејќи закрепнувањето од кризата оди побрзо од очекуваното, а многу вработени не се вратиле на старите професии. Овој проблем е помалку изразен во растечките економии, каде т.н работна сила, иако Русија е исклучок.
Кога Русија ги затвори своите граници минатата година, милиони странски работници од соседните земји беа принудени да ја напуштат земјата. Кризата отиде толку далеку што има се повеќе ситуации во кои компаниите ангажираат војници, студенти, па дури и затвореници.
За да се пополнат работните места, потребен е прилив на странски работници или прераспределба на постоечките, меѓу регионите, индустриите и компаниите - изјави Елвира Набиулин, гувернер на Банката на Русија.
Максим Басов, извршен директор на „Рос Агра“, една од најголемите земјоделски компании во земјава, наведува дека не можеле да вработат доволно сезонски работници во одредени области. Компанијата мораше да ја зголеми заработката за 10 отсто, а дополнително да инвестира во набавка на комбајни и машини за жнеење.
Сето ова докажува колку Русија всушност зависи од работната сила. Според статистичките податоци на Обединетите нации, Русија беше четврта најпопуларна дестинација за странски работници во 2019 година. Сепак, нивниот број нагло опадна од почетокот на кризата.
Стапката на невработеност во Русија моментално е на рекордно ниско ниво, 4,3 отсто. Податоците покажуваат дека средната вредност е зголемена за 9%, и дека областите како што се ИТ, финансиите, трговијата, угостителството и градежништвото - работниците сега се платени и до 13 проценти повеќе отколку пред кризата.