Хусеин Бонесиз тој ден бил на работа и ги чистел улиците во општината Бачиглар во Истанбул без да знае дека неговите три деца му подготвуваат неверојатно изненадување
Во турските медиуми деновиве е проследена оваа несекојдневна приказна за еден татко што вредно работел и за изненадувањето од неговите три деца.
По повод денот на татковците трите деца одлучиле да му го разубават денот на нивниот татко што работи како хигиеничар во општината Бачиглар. Тој воопшто не очекувал дека на видео бимот во непосредна близина на местото ќе има можност да ја проследи пораката што неговите деца му ја упатиле и во која му кажале колку многу го сакаат.
Откако тој имал можност да ја проследи пораката неговите деца Зејнеп, Ирем и Мустафа Талиха со цвеќиња во рацете дотрчале до него и го прегрнале. Таткото бил шокиран од ваквиот гест, па не ги криел солзите и емоциите поради прекрасното изненадување од неговите деца.
Инаку, децата го подготвиле целото изненадување заедно со новинарскиот тим во општината, па целиот настан бил снимен и со камера.
Погледнете го видеото од изненадувањето: