Компанијата за е – тргвовија „Амазон“ може да се соочи со недосиг на работници за време на големата распродажба на Black Friday.
Вработените во гигантот за електронска трговија бараат поголеми плати и подобри работни услови или се заканија дека ќе штрајкуваат на денот на најголемата распродажба.
Работниците на Амазон создадоа коалција која се нарекува „Натерај го Амазон да плати“, каде членуваат тие, заедно со одредени синдикати. Оваа коалиција го подготвува штрајкот, организирајќи се низ магацините и фабриките на компанијата. Тие планираат да организираат штрајк во 20 држави, вклучувајќи ги Индија, Германија и САД.
„Пандемијата откри како Амазон профитира на сметка на работниците, општествата и нашата планета“, истакнале од коалицијата и додале: „Амазон зема премногу, а дава премалку. Време е да го натераме Амазон да плати“.
Барањата на коалицијата се поделени во пет категории: подобрување на работните услови, сигурност на работните места, почитување на работничките права, одржливи работни задачи и плаќање на општеството. Во подобрувањето на работните услови спаѓаат зголемувањето на платите, надоместок за работа на ризик, овозможување на адекватно време за пауза, продолжување на боледувањето и откривање на Ковид – 19 протоколите.
Во однос на сигурноста на работните места, коалицијата бара да се стави крај на вработување на лица од трета страна и да се вратат работниците кои биле отпуштени поради тоа што организирале протести. Почитувањето на работничките права се фокусира примарно на овозможувањето на вработените да формираат синдикат и Амазон да не прави тактики за деструкција на синдикалното движење. Од коалицијата бараат и Амазон да ги признае климатските промени, да ги намали емисиите на нула и да ги плаќа своите даноци.
„Овие групи претставуваат различни интереси и додека не сме совршени во ниедно поле, доколку објективно погледнете што Амазон прави во сите овие полиња, ќе видите дека нашата улога и влијание ги сфаќаме многу сериозно“, рекла Кели Нантел, портпарол на Амазон.
Во април оваа година, вработените во магацинот на Амазон во сојузната американска држава Алабама, гласале против формирање на синдикат.