Во истражување направено од веб-страната www.totaljobs.com во соработка со Др. Анели Хаке (психолог) е откриено дека дури 79% од вработените можат да ја зголемат својата продуктивност преку слушање на музика за време на работата.
Музиката е храна за продуктивноста
Според анкетата која ја спровеле, во која учествувале дури 4.500 луѓе, откриено е дека повеќето работни места би имале корист од музиката, меѓутоа на речиси 38% тоа не им е дозволено.
Истражувањето открива дека сите (речиси 99%) кои работат во големи канцеларии или широки простори, би ја зголемиле својата продуктивност преку слушање музика.
Повеќе од половина од нив (59%) рекле дека музиката им ја подобрува психолошката состојба и им го подобрува расположението.
Според истражувањето, ова се 5-те професии кои најмногу дозволуваат музика на работното место:
- Програмирање (73%)
- Анализа на податоци (66%)
- Маркетинг (64%)
- Односи со јавност (60%)
- Уметност (59%)
Најдобрите жанрови за работа
Ова истражување исто така се позанимавало и со тоа каков вид на музика најмногу ќе го подобри резултатот од работата.
Се покажало дека 5-те најпопуларни жанрови кои ќе ја подобрат продуктивноста се:
- Поп/Фолк (фолк-рок, а не турбофолк)/Инди (35%)
- Рок/Гранџ/Метал (26%)
- Рап/R&B/Соул/Фанк/Џез (18%)
- Електронска/Денс/Хаус/ДнБ (12%)
- Класична/Инструментална/Лаунџ (7%)
Интересно, најпопуларните музичари во оваа анкета се Дрејк, Кендрик Ламар и рок бендот Foo Fighters.
црнобело.ком