Американски крадец на антиквитети, Томас Гавин, по неколкудецениско крадење имал само едно објаснување за грабежите на музеите: сака да собира стари работи,
Гавин сега е осуден на еден ден затвор откако бил фатен како се обидува да продаде ретка пушка од Американската војна за независност. Кога бил испрашуван, тој признал уште десетици грабежи во 60-тите и 70-тите години од минатиот век и се извинил за проблемите што ги предизвикал поради своето хоби. Обвинителите во вторникот рекоа дека „правдата конечно стигна“, четири децении подоцна.
Гавин признал дека во 1971 година украл стара пушка од музејот на државниот парк Вали Форџ, направена во 1775 година од мајстор за оружје.
Пушката Christian Oerter е една од двете за кои е познато дека преживеале со оригиналниот механизам од кремен кој го носи името на производителот, локацијата и датумот на производство. Вреди повеќе од 175.000 долари. ФБИ го пронашол Гавин откако тој се обидел да ја продаде пушка и други украдени предмети на антиквар во јули 2018 година.
Дилерот подоцна им рекол на новинарите дека сфатил дека пушката била украдена откако видел дека се споменува во книга од 1980 година, напишана од експерт за стари пушки.
„Кражбата на артефакт од музеј - поточно парче од американската историја - е сериозен федерален прекршок“, стои во соопштението на американската државна обвинителка Џенифер Арбитер Вилијамс.
Со еден ден зад решетки, Гавин беше осуден на три години условна казна, вклучително и една година домашен притвор, како и парична казна од 25.000 долари и отштета од 23.385 долари.