Откриено е што има во тајниот сеф на британското кралско семејство. Станува збор за тестаменти кои ги содржат последните зборови на членовите на кралското семејство.
За него се грижи судијата на Врховниот суд, сер Ендрју Мекфарлејн.
Тој за британските медиуми открил дека пораките датираат од принцот Франциско од Тек во 1911 година, а ги содржи и последните желби на мајката на кралицата Елизабета, нејзината сестра принцезата Маргарет и кралот Едвард Осми. Други тестаменти во овој строго таен сеф се оние на вујкото на Филип, лордот Луис Маунтбатен од Бурма, кралицата Марија, сопругата на кралот Џорџ V и принцезата Беатрис.
„Сега сум чувар на сеф кој содржи повеќе од триесет пликови, од кои секој наводно содржи запечатен тестамент на починат член на кралското семејство. Можам да потврдам дека најраниот таков плик е оној што го содржи тестаментот на принцот Франсис од Тек. Најновите додатоци беа направени во 2002 година, а тоа се тестаментите на кралицата Елизабета, нејзината мајка и принцезата Маргарет“, рече Мекфарлан.
Меѓутоа, освен да се дознае чии тестаменти се чуваат во кралскиот сеф до оној на војводата од Единбург, многу мали се шансите во јавноста да излезат детали од некои документи. Во соопштението објавено во септември, Мекфарлејн рече дека кралското семејство има право на зголемено ниво на приватност за да го заштити достоинството и угледот на јавната улога на членовите на семејството.
Да потсетиме, принцот Филип почина во април оваа година, а неговиот тестамент, како и тестаментите на сите членови на кралското семејство, ќе останат тајна најмалку 90 години.