Експертот за социјални мрежи, Мет Навара, на својот профил на Твитер објави дека Instagram воведува голема промена во врска со приказните („Stories“)
Според Навара, Instagram воведува ново времетраење на Instagram Stories, па тие сега ќе траат до 60 секунди, а подолгите Stories веќе нема да мора да се делат на сегменти.
„Instagram воведува приказни од 60 секунди“, објави Наваро на Твитер, а објавата брзо почна да се шири на социјалните мрежи.
Иако промената сигурно ќе ги воодушеви креаторите на дигитални содржини, многумина веќе ја мразат.
„Боже, едвај ги издржав тие 15 секунди“, „Се надевам дека ќе има опција за забрзување“, „Не, ова е предолго, можеби триесет секунди би биле идеални“, напишаа твитерџиите.