Германската амбасада во Скопје сподели информација за поднесување на барања за виза за професионални возачи на камиони во рамките на Регулативата за Западен Балкан.
Од амбасадата информираат за сите детали и апелираат барателите да бидат внимателни кога ќе поднесуваат барање понесени од желбата да биде тоа со помалку документи.
„Виза може да се додели врз основа на § 26 ст. 2 од Одредбата за вработување (Регулатива за Западен Балкан) како професионален возач на камион, но во секој случаj важат споредбените предуслови за поднесување на виза според § 24a од Одредбата за вработување. Не дозволувајте да Ве понесат погрешни информации и да поднесете барање за виза според Регулативата за Западен Балкан, со надеж дека ќе мора да поднесете помалку документи, стои во соопштението.
Повеќе информации погледнете на следниот линк - https://skopje.diplo.de/.../service/visa-einreise/-/2498446