Куќата во која е снимен култниот Home Alone сега е достапна за изнајмување преку Airbnb по цена од 25 долари за една ноќ. Наводно, гостите ќе можат да ја јадат истата храна како и Кевин во филмот, но и да пробаат да ги направат неговите генијални стапици.
Филмскиот серијал Home Alone е како симбол за божиќните и новогодишните празници, а сега магијата на филмовите можете да ја почувствувате и во живо.
Куќата ќе биде достапна за изнајмување за 12 декември, а во неа ќе можат да преноќат најмногу четворица.
Интересно е што на сајтот на Airbnb, како сопственик на куќата е наведен Баз – братот на главниот лик Кевин. Куќата е лоцирана на околу 30 минути возење од Чикаго, односно местото каде што е сместено и дејството на првиот филм.
Изградбата на куќата почнала во 1920-тите, а во 2012 година беше продадена на непознат купувач по цена од 1,58 милиони долари. Иако голем дел од сцените се снимени во оваа куќа, за потребите на филмот била изградена и поголема реплика за да има повеќе простор за актерите и филмската екипа.
Куќата е позната атракција со години, но ова е првпат да биде достапна за изнајмување.
Ентериерот е речиси потполно ист како во филмот, а наводно гостите ќе можат да пробаат да ги направат генијалните стапици што Кевин ги поставуваше за двајцата негативци.
Всушност, гостите ќе можат вистински да го искусат филмот – во куќата ќе има храна од 90-тите (вклучувајќи ги тестенините и пицата што ги јаде Кевин), како и тарантулата на Баз.
Ако сте заинтересирани, опцијата за изнајмување ќе биде достапна на 7 декември на овој ЛИНК.