Актерот Џорџ Клуни откри дека одбил 35 милиони долари за еднодневно снимање на реклама за една авиокомпанија.
– Па, да. Ми нудеа 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама на авиокомпанија – рече тој и додаде дека се консултирал со Амал, неговата сопруга (адвокат по професија) и дека одлучиле да ја одбие понудата.
Клуни објасни дека, авиокомпанијата се поврзувала со, како што рече, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.
– Си помислив: „Па, ако одземе и минута сон, не се исплати“ – изјави оскаровецот.
Клуни не е за жалење, туку напротив, има рекламен договор од 40 милиони долари годишно, додека неговите хонорари за играње во холивудски филмови се меѓу најголемите за машки актери.
Сепак и покрај богатството, како што вели за Гардијан, Џорџ и Амал Клуни главно сами се грижат за децата, близнаците Александар и Ела.
– На Амал и е многу важно да бидеме со децата. Имаме дадилка четири дена во неделата, а остатокот од времето сме само ние со нив. И за време на карантинот бевме само ние четворица – цела година! Се чувствував како мајка ми во 1964 година, миејќи садови и шест товари алишта дневно“, вели Клуни.