Европската комисија усвои нацрт-регулатива со која се дефинира задолжителното инсталирање уреди за „интелигентно прилагодување на брзина“ (Intelligent Speed Assistance – ISA) на сите нови возила од 6 јули 2022 година, пишува „Ревија ХАК“.
Моделските генерации на автомобили кои ќе бидат пуштени во продажба пред тој датум нема да мора да имаат темпомат до почетокот на 2024 година.
Системот ISA ќе го извести возачот за максималната дозволена брзина со звучен и хаптички сигнал, а потоа самиот систем автоматски ќе реагира со спречување на пребрзо возење.
Сепак, тоа не значи дека возачот нема да може да вози побрзо бидејќи системот ќе може да го „заобиколи“ ненадејниот притисок на педалата за гас. Имено, се предвидува можност возачот да го деактивира системот, но тој автоматски да се активира секогаш кога ќе го запали моторот.
Начинот на кој функционира е, едноставно кажано, како кај старт-стоп системот.