Овен
Препорачливо ви е да ги искористите овие два слободни дена и да одите на кратко патување. Топлото време и возбудливата авантура дополнително ќе ве развеселат, а доколку сте во врска, поведете го со вас вашиот партнер.
Бик
Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле. Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми.
Близнаци
Во текот на овие два дена, најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена личност. На крајот навикендот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно. Не двоумете се кога станува збор за вашиот партнер. Кажете му што ви смета кај него и разговарајте за односот во вашата врска.
Рак
Викендов, спремете се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети. Слободното време одвојте го за вас и само за вас.
Лав
И покрај малите недоразбирања со некој од вашите пријатели, расположението овие два дена ќе ви биде на ниво. На љубовно поле ве очекува мала промена, а тоа најверојатно ќе се случи во сабота вечер. Препуштете се на спонтаноста и дозволете чувствата да ве водат.
Девица
Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот викенд, а главниот кривец за тоа ќе биде вашиот партнер.
Вага
Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е овој викенд да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле сега за сега сѐ е во ред.
Шкорпија
Ве очекуваат два возбудливи дена, исполнети со многу позитивна енергија, а тоа ќе се должи на еуфоријата пред годишниот одмор. Внимавајте на вашиот однос и размислете дали ги повредувате чувствата на вашиот партнет со вашите постапки.
Стрелец
Дали некој спомна романтичен состанок? Да, да! Иако не ви се верува и помина долго време од вашиот последен состанок, овој викенд ќе имате можност да излезете со ни помалку ни повеќе, личноста која не ви излегува од мислите последниве неколку месеци. Со среќа!
Јарец
Уште од почетокот на викендот ќе почувствувате позитивна промена во вашиот љубовен живот. Ќе почне да ви се допаѓа некоја личност за која претходно сте мислеле дека не е ваш тип. Уживајте во деновите со добро расположение и релаксирајте се со музика.
Водолија
Доколку чувствувате монотонија во вашиот брак или долга врска, тогаш разговарајте со партнерот и кажете му ги вашите незадоволства, но направете го тоа во ден кој ќе биде поволен за тоа. Внимавајте на здравјето и редовно одете на рутински преглед кај лекар.
Риби
Овој викенд направете нешто добро. Разбудете ја хуманоста во вас и помогнете некому. Саботното попладне препорачливо ви е да го искористите за мал шопинг, а неделата посветете ја на членовите од вашето семејство. Доколку не живеете веќе со нив, подгответе нешто вкусно и поканете ги на традиционалниот неделен семеен ручек.