Иако честопати се мета на многу критики, социјалните мрежи сепак остануваат дел од нашето секојдневие. Ги користиме за време на паузите на работа, за забава, за едукација, за совети, но често ги користиме дури и кога не треба. Факт е дека живееме во свет во кој социјалните мрежи станаа поинаква реалност, која честопати не ја познаваме и не можеме да ја разликуваме од онаа во која навистина живееме. Поради сето тоа, денес експертите сè почесто потенцираат дека треба да се прават паузи од социјалните мрежи поради сопственото ментално здравје.
Социјалните мрежи, како и сите други видови социјална интеракција, може да ве исцрпат на различни начини. Сигурно понекогаш слушате дека содржината што се нуди на Инстаграм може да им го расипе денот на луѓето. Од друга страна, ретко кој може да одлучи да престане да ја користи оваа апликација. Ова создава магичен круг на незадоволство и зависност, но Инстаграм не мора да биде мрачно и исцрпувачко место, а вие можете да ја направите промената.
Поставете граници
Ограничувањата не се резервирани само за малите деца. Ако видите дека имате проблем и дека претерано ги користите социјалните мрежи, поставете граници и почитувајте ги. Ограничете ја употребата на Инстаграм на одреден број часови на ден или утврдете колку пати на ден смеете да ја користите апликацијата.
Коментирајте ја содржината што ви се допаѓа
Сигурно има луѓе на Инстаграм чија содржина ви одговара. Убав гест е да ја поддржите нивната содржина со позитивен коментар, кој ќе ве расположи и вас и другата личност.
Исклучете ги известувањата
Ако сакате да го користите Инстаграм помалку, едноставно исклучете ги известувањата. Ако вашиот телефон постојано ве потсетува дека нешто се случува на апликацијата, ќе ја користите почесто. Постојаните известувања може да ви предизвикаат стрес и нервоза.
Не треба да следите содржини што ви пречат
Факт е дека многу луѓе продолжуваат да следат личности и содржини од кои не се чувствуваат добро. Тоа често прераснува во коментирање на тие луѓе и содржини, а тие коментари не се добри за никого. Ако го правите тоа, треба да знаете дека му наштетувате на сопственото ментално здравје. И виртуелното опкружување може да влијае на вас, на вашите постапки и на вашите емоции. Престанете да ја следите содржината што ви пречи, а ако ви е непријатно да престанете да ги следите луѓето што ги познавате, пробајте ја опцијата „mute“.
Следете нови луѓе
Инстаграм е полн со луѓе кои само чекаат да ги откриете. Користете одредени хаштагови, прашајте ги познајниците и пријателите и контактирајте со луѓе кои имаат слични или исти интереси како вас. Така, ќе најдете нови профили и нови содржини што ќе ве исполнуваат и ќе ве инспирираат.