За да успеете во животот, ви требаат одредени вештини. Но, има и некои навики што пречат во остварување на целта и потребно е да се елиминираат што поскоро. Еве, според Entrepreneur, што треба да правите:
Фокусирајте се на фактите, не на приказните
Приказните што си ги кажувате во глава, поврзани со случувањата на работното место, најчесто се невистини и далеку од факти. Многу е лесно да си направиме приказна што е далеку од тоа што навистина се случува. Проблемот тука е што приказните поттикнуваат емоции, а емоциите нè тераат да реагираме на одреден начин, најчесто базиран на неточни заклучоци. Ако сакате да успеете, да бидете ефективен лидер, ќе мора да престанете да си креирате приказни во вашата глава. Разграничете ги фактите од невистините и одлучувајте само врз основа на сигурни информации.
Не верувајте само во одредени работи
Најголем дел од она во што верувате, на некој начин ви е наметнато од други луѓе. Ако сакате да изградите бизнис, мора да иновирате, односно да преиспитате сè во што дотогаш сте верувале. Самиот Стив Џобс не верувал во фактот дека телефонот може да биде само телефон. Тој потсвесно знаел дека уредот може да функционира како компјутер, камера и музички плеер. Една од најтешките работи е да се откажете од она во што сте верувале целиот живот. Ако можете да ја елиминирате оваа навика, не постои граница за нови работи и сознанија.
Не ги игнорирајте критиките
За да изградите успешен бизнис, потребна ви е здрава доза на его. Една од навиките што е најтешко да се елиминираат е верувањето дека сте подобри од она што навистина сте. Кога клиентот ќе ви каже дека услугата/производот не ви е добар, лесно е веднаш да пристапите на старата навика, односно да ја одбраните честа на вашиот одличен бизнис. Но, ако можете да ја прифатите критиката, големи се шансите да научите нешто токму од неа. Добрите зборови се добредојдени пофалби, но не укажуваат на евентуалните грешки и лекции што треба да се научат.