Оние кои живеат во Брисел, главниот град на Белгија, ќе имаат можност да добијат премија до 900 евра доколку се откажат од своите приватни автомобили.
Регионот на главниот град Брисел подготви нова иницијатива за поддршка на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот во градот.
Соодветно на тоа, оние кои живеат во Брисел и кои ќе се откажат од регистарските таблички на приватниот автомобил, ќе добијат финансиска поддршка.
Овие лица ќе добијат бонус од 500 до 900 евра, во зависност од нивниот годишен приход.
Премијата може да се користи за алтернативни опции за превоз како што се јавен превоз, билети за воз и за градското такси. По своја желба, премијата ќе може да се користи и за изнајмување електрични скутери и купување велосипеди.