Патот до станување милионер започнува со начин на размислување. Но, не мора само да размислувате како милионер – исто така треба да се однесувате како него.
Во 10-те најдобри разлики меѓу милионерите и средната класа, Кит Камерон Смит го сподели она што го стекна со тоа што помина две години работејќи и проучувајќи ги ултрабогатите, вклучувајќи ги и постапките и ставовите што ги издвојуваат од просечната личност.
Еве неколку начини како да започнете да се однесувате како милионер, без оглед колку имате на вашата банкарска сметка.
Милионерите разговараат за идеи
Не е дека автомобилите, филмовите и другите луѓе не се интересни за богатите. Сепак, тие повеќе се фокусираат на големи идеи за иднината отколку на малите нешта што се случуваат во сегашноста.
“Милионерите се креативни. Тие поминуваат време размислувајќи за нови идеи“, вели Смит. Додека луѓето од средната класа зборуваат, на пример, за автомобили и филмови, милионерите разбираат дека “идеите се највредното богатство на светот“.
“За да станете поуспешни, мора постојано да го проширувате умот. Во свет во кој сè се менува брзо, би било паметно да поминете време размислувајќи за нови начини на работа“, истакнува Смит.
Милионерите преземаат пресметани ризици
Додека луѓето од средната класа честопати се задоволни да останат таму каде што се, милионерите секогаш настојуваат да одат чекор погоре. Со други зборови, средната класа живее во страв и не ризикува премногу, додека милионерите знаат кога да го сторат тоа.
“Милионерите го надминуваат стравот со знаење. Тие се едуцираат пред да ризикуваат и потоа да ги разгледаат последиците од неуспехот“, истакнува авторот. Тие го пресметуваат интензитетот на ризик наспроти силата на наградата.
“Ако можете да живеете со најлошото нешто што може да се случи и ако веројатниот исход ќе ве приближи до целта: одете!“, пишува Смит.
Милионерите се дарежливи
Додека луѓето од средната класа често веруваат дека не можат да си дозволат некому да дадат нешто, богатите луѓе гледаат на дарежливоста како неопходност.
“Повеќето милионери веруваат во законот што вели: како што сеете, така ќе жнеете. Тие на парите гледаат како на семе. Милионерите знаат дека ако се дарежливи, за возврат ќе добијат уште повеќе“, вели таа.
Бројни милионери и милијардери станаа филантропи.