Оглас за работно место што се појави во австрискиот весник „Клајне цајтунг“ стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот вработен, но и дарежливата плата.
Покрај потврда дека лицето е вакцинирано против коронавирус, потребна е валидна гастро и туристичка обука и работно искуство во „ексклузивни домаќинства или хотели“.
Меѓу другите необични услови, наведено е дека кандидатот треба да има „одлично однесување, негуван изглед, самоуверено држење на телото, како и апсолутна флексибилност, лојалност и дискреција“.
Кандидатите мора да сакаат животни.
На прашање на „Хојте“, работодавачите не сакаа да дадат никакви дополнителни информации бидејќи мораа да ја заштитат приватноста на клиентот. Открија само дека очекуваат многу пријавени бидејќи е понудена добра плата.