Жителите на Лондон треба да трошат најмногу пари за паркирање, а најмалку возачите во Ереван, главниот град на Ерменија.
Најдобар пример за тоа колку е скапо паркирањето на час во некои европски градови е главниот град на Велика Британија, каде цената на час е и до 9,9 евра.
Во Лисабон, на пример, плаќате 3 евра за еден час паркирање во центарот, а во главниот град на Франција, Париз е двојно поскапо од Лисабон, но и двојно поевтино од Лондон – 6 евра.
Најевтин град на листата е Ереван, главниот град на Ерменија, каде еден час паркирање во регулирана зона во центарот чини само 0,18 евра.
Воедно, жителите на центарот во повеќето европски метрополи, но и кај нас имаат повластен тарифник во однос на нивната адреса на живеење, а интересно е што во 6 од 48 градови, паркирањето во центарот е бесплатно за жителите.