
Обединетите Арапски Емирати ќе го преселат викендот во сабота и недела почнувајќи од следната година, објави државната новинска агенција WAM.
Повеќето земји од Персискиот залив имаат викенди во петок и сабота.
Во земјатa ќе има работна недела од четири ипол дена, а викендот започнува во петок попладне и ќе трае до недела.
Според твитот на WAM, подолгиот викенд има за цел „да ја зголеми продуктивноста и да го подобри балансот помеѓу работата и животот“.
Промените ќе започнат на 1 јануари 2022 година и ќе важат за федералните владини субјекти.