Без разлика во кое возило се наоѓате, има неколку работи што можете да ги направите за да ги подобрите шансите да излезете од снегот.
За почеток, задолжително поставете триаголник за да можат другите возачи да ве забележат навреме, а потоа:
Ова ќе му даде простор на вашето возило да се движи напред и назад. Исто така ќе ви даде можност да проверите дали има снег на долната страна на вашето возило, што можеби го задржува.
Кога ќе ослободите доволно простор за возилото малку да се движи, можете да почнете да го нишате. Можете да го направите ова со ставање на автомобилот во погон или во прва брзина - за оние кои се придржуваат до рачен менувач. Возете малку напред, а потоа назад, назад по патеките кои штотуку ги исчистивте. Ова повторување напред-назад е многу корисно за вашето возило да отиде преку снежниот нанос и да се задржи на место.
Ако нишањето не функционира, вашата следна најдобра опција е да додадете влечење. Ова може да се направи на неколку начини кои вклучуваат:
- Користете песок, сол или песок за мачки под гумата за да им дадете нешто во што ќе „загризаат“.
- Синџирите можат многу да помогнат, но многу малку луѓе всушност редовно ги носат.
- Оневозможете ја контролата на тракцијата. Ова може да изгледа контрапродуктивно, но ќе дозволи тркалата на вашиот автомобил да се вртат кога е потребно без да го активирате системот за контрола на тракцијата
- Побарајте помош. Кога гледате не не ви оди, не глумете суперхерој и побарајте помош.
Кога за првпат ќе сфатите дека сте заглавени, има неколку работи што никогаш не треба да ги правите:
- Не претерувајте со педалата за гас. Ова само ќе направи да нурнете подлабоко во снегот и ќе го отежни излегувањето.
- Не ја игнорирајте патеката на вашето возило надвор од снегот. Одлепувањето на вашиот автомобил е само дел од предизвикот. Треба да бидете сигурни дека неговиот пат назад до поцврстата земја е исчистен од длабок снег, или едноставно повторно ќе заглавите.
- Не паничете. Губењето на смиреноста нема да ви помогне побрзо да се ослободите, а уште повеќе ќе ја отежне комуникацијата со секој што ќе дојде да ви помогне.
- Не се обидувајте сами. Можеби го немате луксузот луѓето да ви помагаат, но ако се во близина, најдобро е да побарате помош.
- Не возете како дивјак откако ќе се слободите. Не знаете што друго се крие зад купот снег од кој штотуку сте излегле.