Велика Британија по Брегзит е соочена со недостиг на бројни профили на пазарот на трудот, а во овој период недостигаат професионални Дедо Мразовци.
На еден сајт за вработување во Велика Британија, неделава има стотина слободни работни места, се бараат луѓе подготвени да работат како Дедо Мраз и да го прават тоа што се очекува од него.
Во овој претпразничен период се многу барани во Велика Британија, па од таа работа може и добро да се заработи. Според пишувањето на медиумите, дневницата за Дедо Мраз е тројно зголемена.
„Има недостиг на Дедо Мразовци и негови помошници“.
Тој укажа дека се нудат дневници до 800 фунти што е околу 940 евра. Oва е поврзано со пандемијата, бидејќи во минатото таа улога ја преземаа постарите мажи, кои спаѓаат во ризични групи. Со оглед на тоа дека работата на Дедо Мраз е поврзана со многу контакти, повозрасните граѓани одлучија да не се занимаваат со тоа.
Во повеќе градови се организирани обуки за Дедо Мраз, а 78% од испитаниците во едно истражување на јавното мислење не веруваат дека ќе наидат на Дедо Мраз годинава.