Фрази кои е најдобро да се избегнуваат кога барате покачување
Стравот дека ќе бидеме одбиени и разочарувањето кое произлегува од тоа, на многумина ни ја одзема моќта на слободно изразување и говорење или нè поттикнува да кажеме нешто погрешно.
Почнувањето на разговор со надредените во врска со покачување на платата на многумина знае да им биде многу непријатно. Сите успешни преговори започнуваат од тоа да бидете пред се свесни за изборот на вашите зборови и она што го говорите.
Еве кои се петте погрешни фрази кои луѓето најчесто ги користат кога преговараат за платите.
- “Повеќе пари”
Наместо тоа, наведете го точниот опсег на плата што го таргетирате.
Многу често на преговарачите им е непријатно кога треба да ги искажат своите побарувања. Се тргнуваат од деталите и се изјаснуваат како на пример: “Сакам повеќе пари”.
Најдобар начин да го добиете она што го сакате е да кажете точно што сакате. Многу луѓе не сакаат да зборуваат за суми на пари бидејќи мислат дека ќе направат грешка таргетирајќи премногу високо или премногу ниско.
Добар преговарач никогаш не влегува во преговори не спремен. Истражете малку меѓу колегите од канцеларијата, но и меѓу колегите од струката, како се движат платите за луѓето од вашиот калибар. Врз основа на овие информации, одредете ја минималната сума што сте спремни да ја прифатите и јасно наведете ја во преговорите.
- “Мислам дека заслужувам покачување поради тоа што...”
Наместо тоа кажете: “Заслужувам покачување затоа што...”
Големите преговарачи не мислат дека нешто треба да се направи. Тие знаат што треба да направат. Убедени се во вредноста што ја носат за компанијата и не се плашат да го искажат тоа.
Ако сте добиле пофалби од соработниците, менаџерите или други претпоставени, понесете ги тие е-пораки или белешки на преговорите. Објективните мислења на другите луѓе ќе го направат вашето барање поубедливо.
И, секогаш кога е возможно, квантифицирајте. Зборувајте за вашите придонеси во одредени периоди како што се зголемување на приходите или успешни проекти на кои сте работеле.
- “Се надевав...”
Наместо тоа, кажете: „Врз основа на тоа колку моето искуство е ценето на пазарот и во оваа организација, очекувам…“
Со користење на аспиративни зборови како „надеж“ оставате впечаток дека никогаш не сте ни очекувале да го добиете покачувањето што го барате. Ако сте се подготвиле правилно, знаете дека сумата што ја барате е разумна, па постапете соодветно. Искористете го истражувањето што сте го направиле и наведете ја соодветната вредност на платата што сте ја одредиле. Кога ги поставувате вашите очекувања како објективен факт, тоа го прави вашето барање порационално и потешко да се одбие.
- “Ќе прифатам друга понуда...”
Наместо тоа, кажете: “Имам и други понуди, но би сакал да останам тука”.
Заканувањето со отказ е опасна игра. Вашиот шеф може едноставно да ви каже да си ги соберете работите и да си одите.
Понудите за други работни места може да се користат како потпора во преговорите, но треба да се внимава. Наместо директно да се заканувате со заминување, спомнете дека сте добиле повици од конкуренцијата, но повеќе сте заинтересирани да останете на вашата моментална позиција.
Тоа е поефикасен и покооперативен начин да се користи оваа алатка за преговарање; ве остава во поволна ситуација додека во поттекст велиш дека мора да бидат поконкретни за да те задржат.
- “Благодарам, ама...”
Наместо тоа кажете: “Кога можеме да продолжиме со овој разговор?”
Нема сите преговори да се решат брзо. Повремено одговорот ќе биде “Не”. Но тоа не е крајот на преговорите. Тоа е тек почетокот.
Ако сте заинтересирани да останете во компанијата, може ќе треба да помине подолго време за да го добиете она што го сакате. Клучно е да ги поставите прашањата: ако кажат “Не сега”, прашајте “Кога?”; Ако кажат “Потребно ви е уште искуство”, прашајте “какво искуство ми е потребно?”.
Договорете се за конкретни критериуми за да не мора да нагодувате кога повторно ќе преговарате. Ако вашиот шеф избегнува одговори, можеби ќе сакате да размислите да барате друга работа каде што ќе бидете ценети.
Пред сè, не заборавајте да го имате овој разговор затоа што и требате на вашата организација. Ако сте исполнети со таа самодоверба, тоа може да направи голема разлика.