Во Велс на секој што оди на работа, а може да работи од дома му се заканува казна од 70 евра.
Од понеделник, компаниите ќе добиваат и парична казна од 1.177 евра секогаш кога ќе го прекршат правилото. Досега имаше само упатства за работа од дома за да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирус.
– Воведени се дополнителни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот и заштита на јавното здравје – изјави портпаролот на владата на Велс.
Ова е само продолжение на советот дека велшката влада веќе подолго време им препорачува на луѓето да работат од дома каде што тоа е можно, а од понеделник тоа ќе биде законска обврска, освен ако нема разумна причина да се оди на работа надвор од домот.
– Очекуваме работодавците да ги преземат сите разумни чекори за да ја олеснат работата од дома и да им ја обезбедат потребната поддршка на вработените – рече портпаролот.
Извор: novamakedonija.com.mk