Новогодишната убавина најблиску и најнепосредно се доживува на божиќните базари. Сплотената енергија, измешаните мириси и звуци, дрвените куќарки полни со ситни празнични подароци и Дедо Мраз подготвен за фотографија во секој момент, се едно убаво доживување за време на празничниот период.
Затоа божиќните базари се дел од новогодишната традиција на многу места низ светот.
Ние преку фотографии прошетавме низ Европа и ги лоциравме најубавите базари во неколку држави, меѓу кои и Швајцарија, Германија, Шпанија, Белгија...
Инаку, еден од најстарите божиќни базари во светот е оној во Дрезден, кој датира дури од 1434 година и до денес ја одржува својата традиција.
Погледнете дел од празничната магија на најубавите божиќни базари низ Европа оваа година.
Фото: Пинтерест
Келн, Германија
Салзбург, Австрија
Берлин, Германија
Будимпешта, Унгарија
Прага, Чешка
Стразбур, Франција
Гетебург, Шведска
Братислава, Словачка
Виена, Австрија
Копенхаген, Данска
Брисел, Белгија
Базел, Швајцарија
Краков, Полска
Севиља, Шпанија