Employer Branding-от е важен за сите компании, а со помош на порталот на Vrabotuvanje.com можете полесно да пристапите до вашата целна публика- односно да ги искористите ресурсите на централното место на пазарот на трудот
Без разлика дали сте активен барател на работа или сте меѓу оние кои ги следат настаните од страна, сигурно сте ги забележале промените што неодамна ги доживеа пазарот на трудот. Работодавачите, без оглед на секторот во кој работат, се борат за да ги задржат најталентираните вработени и се потешко наоѓаат квалитетна работна сила.
За да се справат со овој проблем, компаниите сè повеќе инвестираат во подобрување на задоволството на своите вработени и - со цел градење позитивен имиџ и обезбедување статус на посакуван работодавач - стануваат се поактивни во сегментот на Employer Branding.
Vrabotuvanje.com пред неколку години создаде Employer Branding услуга што ќе ви помогне да ги започнете или збогатите вашите Employer Branding активности со што ќе се истакнете помеѓу конкуренцијата и ќе постигнете ефективни резултати на пазарот на трудот.
Дали сите компании треба да инвестираат во Employer Branding?
Одговорот е едноставен: сите компании кои се грижат за задоволството на своите вработени и сакаат да постигнат/одржат имиџ на компанијата како добар работодавач треба да инвестираат во Employer Branding, притоа да ги намалат трошоците за вработување и да обезбедат успех на пазарот на трудот.
Без разлика на тоа дали само ги истражувате можностите што ги нуди светот на Employer Branding или веќе некое време спроведувате различни активности на EB на пример, спроведувате анкети за задоволство на вработените и создавате интересни HR практики, во оваа прилика ви ја претставуваме Employer Branding услугата на Vrabotuvanje.com
Насочете го вашиот Employer Branding таму каде што се вработените
Искористете го нашиот бренд и другите ресурси на компанијата Vrabotuvanje.com – централното место на пазарот на трудот – како би си ги завршиле вашите Employer Branding активности и како би изградиле позитивна репутација на пазарот на трудот. Вашата целна публика е присутна на платформите на сајтот на Vrabotuvanje.com: невработени и вработени кандидати, оние кои активно бараат работа или пасивно гледаат подобри опции, но и оние кои сакаат да бидат запознаени со совети/вести за пазарот на труд.
Покажете ни како вие го градите вашиот Компаниски бренд, а ние најдобриот ќе го наградиме!
Сега е вистинско време да покажете зошто сте поинакви и подобри од другите. Vrabotuvanje.com традиционално и оваа година ја доделува наградата за Најдобра Employer Branding кампања. Повеќе детали околу наградата и критериумите за учество, можете да прочитате на ЛИНКОТ.