Меѓу другото, таму работат „кралскиот разгазувач на чевли“ и „кралскиот астроном“
Во Бакингемската палата работат многу луѓе, најголемиот дел се вработени како готвачи, чистачи, возачи, градинари и слично. Но, меѓу сите работни места што ги нуди кралицата, има и неколку интересни и необични позиции.
Според Форбс, персоналот вклучува повеќе од 1.000 луѓе. Повеќето од нив имаат обични работни места - домаќинство, осигурување и слично. Но, има и луѓе чија работа може да ги изненади и воодушеви обичните луѓе.
- Чувар и маркер на лебедите
На почетокот имало само еден човек кој се грижел за лебедите на кралицата, а тој бил наречен чувар на лебедите. Сепак, подоцна оваа позиција била поделена на две - чувар на лебедите и маркер на лебедите (Warden of the Swans i Marker of the Swans).
Задачите на чуварите и маркерите се редовно да вршат здравствени прегледи на птиците и да спроведат годишен попис на лебедите на Темза наречен Подем на лебеди. Покрај тоа, овие луѓе се ангажирани со задачи за спасување и чување на лебедите.
- Кралски разгазувач на чевли
Повеќето луѓе веројатно ја доживеале болката од носење нови чевли. Но, за разлика од обичните луѓе, Нејзиното Височество го има совршеното решение за овој проблем - таа има вработен чија единствена задача е да ги разгази чевлите пред кралицата да ги облече на настани.
Разгазувачот на чевли е одговорен да се погрижи кралицата да се чувствува удобно во нејзините нови чевли и чевлите да бидат спремни за носење во моментот кога нејзе ќе и требаат.
- Мајстор за музика
Мајсторот за музиката н е одговорен за компонирање музика за важни кралски настани. Тоа може да вклучува крунисувања, родендени, годишнини, бракови, па дури и погреби.
На почетокот луѓето кои биле вработени на оваа позиција работеле како кралски музичари цел живот, но денес композиторите можат да работат најмногу 10 години во кралската служба за да им овозоможат и на други талентирани музичари да ја преземат таа улога.
- Кралски астроном
Во кралското семејство постои и личност која буквално ја презема “улогата на ѕвездите”. Тоа е кралскиот астроном кој е одговорен за советување астрономски и сродни научни прашања.
Оваа позиција настанала во 17 век кога биле направени многу научни откритија. Но, денес таа улога е главно почесна.
- Кралски хоролошки конзерватор
Не е лесно да се промени времето во текот на пролетта и есента кога во кралската колекција имате преку 400 часовници. Затоа Неговото Височество има посебна личност која го менува времето на кралските часовници. Со неколку стотици часовници во колекцијата, вклучувајќи ги и кулите, потребни се околу 16 часа за сите да се прилагодат.
Но, оваа работа не е само поместување на стрелките на часовникот, туку бара знаење и стручност бидејќи вработениот на оваа позиција е одговорен и за грижата за часовниците, од кои голем дел се многу постари и од самата кралица.
- Месар (Сечач на месо)
Оваа работа ја врши посебна личност, Месарот (Grand Carver). Оваа традиција датира уште од античко време – кралевите никогаш сами не сечеле месо.
Она што е исто така интересно за оваа работна позиција е тоа што не може секој да аплицира за оваа позиција. Оваа работа е наследна бидејќи се верува дека дарот за рамномерно сечење месо е генетски.
- Чувар на марките
Британската монархија ја поседува една од најимпресивните колекции на поштенски марки од цела Европа. Постои и посебна личност која патува низ делови од светот за да додаде уникатни марки на оваа колекција.
Позицијата се нарекува Чувар на марките на кралицата. Иако кралицата не е голем љубител на поштенски марки, таа смета дека треба да се зачува колекцијата што ја добила од нејзиниот татко.
- Одржувач на рамки за слики
Во Бакингемската палата не постои само огромна колекција на часовници и поштенски марки, туку и непроценливи уметнички дела со рамки. Кралската колекција има околу 8.000 слики, од кои многу имаат соодветни рамки, за кои треба некој да се грижи.
Значи, како што веќе погодивте, постои специјална личност наречена Одржувач на рамки за слики кој постојано ја проценува состојбата на рамките и кој се занимава со нивна конзервација и реставрација.