Почетокот на новата година е совршено време за да се фокусирате на развојот на вашата кариера
И покрај новите соеви на вирусот, економијата полека закрепнува: песимистите најавуваат раст на БДП од 8 отсто, оптимистите од 11 отсто; бројот на вработени исто така расте, дури е и малку повисок за разлика од пред две години, односно пред пандемијата.
Еве кои пет вештини можат да ве направат поконкурентни на пазарот на трудот во 2022 година.
- Решавање на проблеми
Во иднина, критичкото и креативното размислување за вашата работа ќе се исплати. Пожелно е да додадете уникатни вештини, искуства и врски во вашето професионално портфолио.
Вашите напори да размислувате надвор од рамките не само што ќе ви помогнат да дојдете до креативни решенија, туку и ќе ви овозможат да комуницирате за тоа колку сте способни да решавате нови и возбудливи проблеми.
На пример, времето поминато во анализа на различни типови на работење или поврзување со луѓе од друга индустрија може да ви помогне да погледнете на проблемот од поинаков агол и да му пристапите креативно на неговото решавање, или да пренесете нови алатки на вашиот тим што можете да ги користите.
Препорака: Научете како да одберете модел за brainstorming – азбучен brainstorming, мрежен brainstorming, морфолошки графикон – кој одговара на предизвикот со кој што се соочувате.
- Стратешко планирање
Футуристите не ја предвидуваат иднината. Тие ги идентификуваат трендовите во општеството или на пазарот и размислуваат какво би можело да биде влијанието на овие трендови.
Користењето на сценарија од типот „што ако“ за играње улога во анализата на различни стратегии и нивните резултати, им помагаме на луѓето да изберат стратегија, но и да осмислат алтернативни стратегии во случај на ненадеен, неочекуван пресврт во иднина.
Истата техника можете да ја примените на вашата кариера или работа. Научете како да ги земете во предвид различните насоки што вашата индустрија или кариера може да ги преземе во иднина. Ова може да ви помогне да ги планирате идните потези, да смислите план Б и да се заштитите од несигурност.
Препорака: Научете како убедливо да ја изразите вашата мисија, да соберете клучни деловни информации и да ги процените потенцијалните можности за планирање победнички правец.
- Носење одлуки
Во 2022 година ќе треба да носиме брзи и ефективни одлуки. Ќе бидеме принудени да го направиме ова дури и ако го немаме потребното ниво на информации или време за планирање како што го имавме во периодот пред Ковид.
Се чувствувате неквалификувани за тоа? Не сте сами: стравот од грешки беше најголемиот страв на работното место и пред пандемијата.
Деведесет и девет проценти од она што го прави лидерот е подготвеноста да донесува одлуки. Научете како добро да судите и да им верувате на вашите инстинкти. Ова ќе ве издвои од оние кои се премногу нервозни за да носат одлуки.
Препорака: Научете како да апсорбирате и рационално да ги анализирате податоците кога ќе се соочите со неизвесни ситуации.
- Активно слушање
Една неодамнешна студија објавена од McKinsey & Company покажа дека компаниите кои постигнале резултати во највисокиот квартал од студијата за етничката или културната различност во извршните тимови имаат 33 отсто поголеми шанси да постигнат висока профитабилност на ниво на индустрија.
Луѓето кои ќе постигнат деловен успех во 2022 година и во годините што доаѓаат ќе знаат како да ги искористат предностите од широк спектар на таленти, перспективи и вештини. Ова бара способност навистина да се слушаат другите луѓе и нивните мислења.
Препорака: научете како да собирате туѓи мисли и како да ги продлабочите врските преку активно слушање.
- Логистика
Ако вашиот дневен распоред изгледа како контролиран хаос, не сте сами - и можеби ќе треба ментално да се подготвите за 2022 година.
Роковите се сè потешки, а работните обврски се поголеми. Во следните неколку години, ќе треба да размислувате како проект менаџер, дури и ако тоа значи само да пронајдете поефективни начини за распоредување на воннаставните активности на вашите деца додека работите од далечина.
Тајната на успехот е да ги совладате вештините на логистиката. Ако успеете да ја посетите баба за празниците оваа година - и покрај ограничувањата за патување, сообраќајниот метеж и сè друго - имате сè што ви треба за ефективно да го дадете приоритетот на вашиот распоред и други ресурси.