Новогодишна еколошка елка висока 5 метри е поставена во Дебар Маало кај кружниот тек близу Општината. Таа е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња. Светлата на елката официјално ќе бидат вклучени во 16.30 часот.
JП ПОЦ и Општина Центар ја поставија оваа елка направена од пластични шишиња рециклирани од страна на жителите кои повеќе од една година учествуваат во правилното справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки.
Преку проектот „И отпадот има вредност!“ општината одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите.
За една година, во рамките на проектот, рециклирани се повеќе од 300.000 PET пластични шишиња и лименки, издадени се над 3000 Green Pay картички, исплатени се над 300.000 денари субвенции за сите граѓани кои се вклучиле во процесот на рециклирање.
Извор: skopskoeho.mk