Кога станува збор за нивото на резервации во хотелите за новогодишната ноќ, еден град убедливо доминира во Европа.
Во пресрет на празничната сезона, исполнетоста на капацитетите во хотелите во Париз расте повеќе од 70 отсто за новогодишната ноќ.
Од 13 декември, исполнетоста на капацитетите во хотелите во Париз изнесувала 71,1 отсто за 31 декември, што било најмногу во сите клучни европски градови и најдобар резултат за француската престолнина во наредните 90 дена.
Од таа точка, нивото на резервација се намалило за 10,5 отсто за 31 декември, но и натаму резултатите се многу добри.
Во споредба, исполнетоста на капацитетот во хотелите за новогодишната ноќ во Рим и во Лондон изнесува 56,1 отсто односно 52,3 отсто, што е исто така мнoгу добар резултат, додека пак исполнетоста на капацитетот во Брисел изнесува 34,3 отсто.
„Некои од европските пазари биле поуспешни од другите во некои гранки поради пандемијата на коронавирусот без оглед на големата празнина во меѓународните патувања“, изјавил Томас Емануел, директор на компанијата „Smith Travel Research“ која дава пазарни податоци за хотелската индустрија ширум светот.
Со претстојната празнична сезона, Париз покажал дека има поголема побарувачка во хотелските сместувања за разлика од останатите европски престолнини. Некои градови, како што се Брисел и Виена продолжуваат да се борат и да го зголемат нивото на капацитет за сместување во хотелите и туризмот воопшто.