![Повеќе делови од Скопје денеска без вода](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c0/77d0d00c-resize-820x0x100.jpg)
Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од кракот 20 на улицата „Борис Трајковски” во Усје во Општина Кисела Вода, како и делови од улиците „Народен Фронт” и „Васил Ѓоргов” во Капиштец во Општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информираат дека причини за прекинот во водоснабдувањето се дефекти на Ф100 милиметри на улицата „Борис Трајковски”, како и на улицата „Народен Фронт” број 3.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин се до санирање на дефектите.