Бесплатниот превоз за пензионери се врaќа во вторник, петок, сабота и недела
Пензионерите во Скопје повторно ќе имаат бесплатен автобуски превоз во вторник, петок, сабота и недела. Оваа одлука треба да стапи на сила наредниот месец, а за таа цел од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“.
Бесплатниот автобуски превоз за пензионерите беше укинат лани во март поради пандемијата на ковид-19.
Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда. Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела недела како и до сега да продолжи да важи за редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети.