Дали вашиот шеф ја има таа карактеристика?
Која е тајната на успехот? John Baird и Edward Sullivan од executive coaching компанија Velocity, веќе со години бараат одговор на ова прашање. Baird (77) ја основал Velocity во 2015 година и им помогнал на многу од врвните лидери од најдобрите 500 компании на Fortune. Меѓу нив се наоѓаат Apple, Nike и Twitter.
Триесетина години помладиот Sullivan (46) на својата листа на клиенти има менаџери во старт-ап компаниите Hinge (дејтинг апликација), DoorDash (најголемата американска платформа за достава и нарачка за храна) и осигурителното друштво Geico (вториот најголем осигурител на автомобили во САД). Му се придружил на Baird во 2016 година како партнер и извршен директор на компанијата Velocity.
Двајцата работат со низа старт-апи ширум светот како би им помогнале на нивните водачи подобро да се носат со предизвиците кои носат забрзан раст, вклучувајќи го вработувањето, финансирањето и деловната стратегија. Секој старт-ап има различни амбиции, но Baird и Sullivan тврдат дека успешните извршни директори имаат една важна заедничка навика.
„Највлијателните лидери со кои сме работеле, оние кои се спремни да донесат промени, се многу љубопитни“- изјави Sullivan за CNBC Make It. „Тие секогаш прашуваат кога нештата не одат: сакаат да знаат што е она што е погрешно и што може да се направи за да се реши проблемот.“
Поставувањето прашања им овозможува на лидерите „постојано да учат и да го подобруваат својот пристап на работа“- вели Sullivan. Вработените експерти можат исто така да имаат корист од прашување и барање повратни информации од своите соработници- напомнуваат Baird и Sullivan.
„За време на ковид-пандемијата на луѓето им беше тешко да контактираат со други луѓе и да најдат инспирација за својата работа“- вели Baird. „Луѓето подолго работат, не се сигурни во својата кариера или иднината на својата компанија... Многу од нас мора да го променат својот пристап на работа, а повратните информации можат да помогнат.“
Кога работи со менаџери кои се чувствуваат несигурно или изгубено, Baird ги поттикнува да размислат за прашањата како на пример „што ве мотивира“ и „како и во што ја наоѓаш својата инспирација?“
„Ги замолувам луѓето да се свртат кон себе и да размислат како нивната работа е во склад со нивните мотиви и вредности“- објаснува Baird. „Одговорите на тие прашања секогаш им помагаат на луѓето за да донесат тешки одлуки и даваат приоритет на работата која ги исполнува.“
Исто така, менаџерите би требало да размислат како подобро да го подржат својот тим во овој предизвикувачки период на хибридна работа. Треба да се потрудат секоја недела да ги проверуваат физичките и емоционалните потреби на своите вработени.
„Секој менаџер треба да се запраша: ‘Што им е потребно на моите луѓе за да бидат покреативни и поснаодливи?’ Понекогаш тоа се нови компјутери или ергономски столици, но на луѓето често им е потребна и пофалба или повратни информации – вели Sullivan. „Вработените мора да чувствуваат припадност и вклученост за да бидат сигурни дека се ценети.“
За време на пандемијата милиони Американци дале отказ или ја промениле работата. Тоа ги потсети компаниите дека лојалноста на нивните вработени не е загарантирана. За да ги задржат способните за работа, менаџерите треба вистински да се поврзат со нив.
„Една работа која ја откривме е дека луѓето навистина напредуваат на сметка на повратните информации, но многу менаџери тешко ги споделуваат“ – вели Baird. „А без тие разговори не можете да знаете дали вашите вработени се ангажирани. Како знаеш дека сакаат да останат во твојот тим?“
Baird препорачува три прашања за насочување на состаноци еден на еден: „Што ви одговара денес?“, „Кој ви е проблемот денес?“, и на крај „Како можам подобро да ве поддржам како ваш менаџер?“
Дискусиите поттикнати од овие прашања треба да ги подобрат емпатијата и совесноста на работното место- толкува Baird. „Често претпоставуваме дека знаеме што се крие во главите на луѓето. Но зад тие претпоставки се скриени многу чувства“ – порачува John Baird.