Божиќ е период кога треба да уживате со вашите најблиски и кога треба да бидете благодарни за сè што имате. Не објавувајте лоши работи, не бидете цинични, себични или неблагодарни.
Што не треба да објавувате?
Расправии со партнерот
Ако не си поминавте убаво за Божиќ, ако сте разочарани од вашиот партнер кој ви го упропастил празникот, не споделувајте фотографии со цитати и објави на социјалните мрежи. Големи се шансите дека со тоа само ќе ја влошите состојбата.
Вашите политички ставови
Божиќ е време кога треба да се посветите на семејството, да уживате и да се воздржите од непотребни коментари на социјалните мрежи.
Фотографии од други луѓе без нивна дозвола
Не објавувајте фотографии само бидејќи ви се допаѓа како сте излегле вие, а другите не. Доколку планирате да објавите фотографија со деца, побарајте дозвола од родителите.
Селфи фотографии
Божиќ дефинитивно не е време кога треба да објавувате провокативни фотографии, па воздржете се и објавете ги некој друг ден.
Подароци што сте ги добиле
Можеби имате многу пари и тоа е супер, но има некои луѓе кои едвај имаат пари за вкусен ручек или немаат пари за скапи подароци какви што вие сте им купиле на вашите деца. Бидете чувствителни и доколку сте во можност – помогнете на некое семејство.