Во повеќето делови на светот, 10% од најбогатите луѓе контролираат приближно од 60% до 80% од богатството.
Уделот на глобалното богатство што го поседуваат милијардерите се искачи на рекордно високо ниво за време на кризата Ковид-19, се вели во извештајот на група основана од францускиот економист Томас Пикет.
Околу 2.750 милијардери контролираат 3,5 отсто од светското богатство, соопшти на почетокот на месецов Глобалната лабораторија за нееднаквост со седиште во Париз. Тоа е најбрзиот раст од избувнувањето на пандемијата, во споредба со 1% во 1995 година.
Најсиромашната половина од светското население поседува околу 2% од своето богатство. Наодите од студијата придонесуваат за дебата за влошување на нееднаквоста за време на јавно-здравствената криза, која им штети на економиите во развој - каде што има недостиг од вакцини, како и финансиски ресурси за ублажување на влијанието од пандемијата.
И во богатиот свет, пазарите на недвижности значително пораснаа, по длабокиот пад минатата година, што само дополнително го продлабочи јазот, пишува Блумберг.
Лукас Шансел, еден од авторите на извештајот, вели дека милијардерите собрале 3,6 трилиони евра богатство за време на кризата, во која Светска банка проценува дека околу 100 милиони луѓе паднале во екстремна сиромаштија.
Во повеќето делови на светот, 10% од најбогатите луѓе контролираат приближно 60% до 80% од богатството. Но, во извештајот се истакнуваат и некои јасни регионални разлики.
Генерално, посиромашните земји стигнаа до побогатите, но во тие земји во развој, нееднаквоста се зголеми. Нееднаквостите во истата земја сега претставуваат повеќе од две третини од глобалната нееднаквост, што е повеќе од околу половина во 2000 година, според извештајот.
Латинска Америка и Блискиот Исток се најнееднаквите региони во светот, со повеќе од 75 отсто од богатството во рацете на првите 10 отсто, се вели во извештајот. Русија и субсахарска Африка не заостануваат. Другите економии во развој, како што е Индија, продолжуваат да страдаат од „средната класа што недостасува“, велат експертите.