Македонски групи и пејачи ќе ги забавуваат скопјани на плоштадот „Македонија“ за најлудата ноќ.
Според информации добиени од Град Скопје, програмата на плоштадот „Македонија“ ќе започне во 21 часот и ќе трае се до 01:30. Пред насобраните граѓани за најлудата ноќ предвидено е да настапат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, потоа, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.
-Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година. Програмата на 31.12.2021 година е, во периодот од 21:00 до 22:00 – Пука Козметика, од 22:10 до 23:10 – ДНК, од 23:20 до 00:20 – Нокаут, од 00:30 до 01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова и од 01:00 до 01:30 – ДЈ Славе – информираат од Град Скопје.